петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 155
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лозово

home Регион

Од утре во Србија полицискиот час ќе биде пократок

Од утре во Србија полицискиот час ќе биде пократок

Претседателот на Србија најави дека веќе од утре ќе почне „попуштањето“ на рестриктивните мерки воведени поради корона-вирусот.

Според Тв „Пинк“, од утре полицискиот час ќе биде пократок, односно забраната за движење ќе важи од 18 до 5 часот и дека пензионерите ќе можат сами да изберат време за прошетка од половина час помеѓу 18 часот и 1 часот наутро.

Најави и повторно отворање на занаетчиските дуќани, автомобилските сервиси, продавници за техничка стока, за градежен материјал…

Другите продавници ќе бидат отворени од 27 парил ако имаат помалку од 300 квадратни метри. Тука станува збор за фризерските салони, салите за вежбање, но за нив ќе мора да биде обезбедена посебна заштита.

Тој најави и дека работниците во фабриките треба да се спремат за враќање на работа од 4 до 11 мај, бидејќи, како што кажа, почнуваат да работат фабриките во Чешка и Словачка на кои им е потребна стока од Србија.

Тие кои имаат начин да држат социјална дистанца меѓу работниците можат да почнат уште од 27 парил, додаде тој.

Коронавирус