вторник, 20. август 2019. Вести денес: 118
home Регион

Од утре илјада унгарски војници на српската граница поради мигрантите

Од утре илјада унгарски војници на српската граница поради мигрантите

Шефот на унгарската полиција Јанош Балог најави дека од утре на границата со Србија ќе бидат стационирани илјада унгарски војници, под команда на полицијата.

-Војниците, заедно со своите колеги од Србија, ќе работат на обезбедување на границата поради зголемениот притисок од нелегалната миграција, рече Балог.

Тој на прес-конференција во местото Реске, на границатасо Србија, истакна дека полицијата минатата година спречувала околу сто мигранти неделно, а годинава тој број е дуплиран.

-Од 1 јуни до крајот на август, вкупно илјада војници ќе ја извршуваат должноста на српската граница под команда на полицијата, изјави командантот на Унгарската војска, Ференц Кором.