сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 104
home Регион

Од сезонски грип во Грција починале 77 лица

Од сезонски грип во Грција починале 77 лица

За само една недела во Грција се регистрирани 17 нови смртни случаи од сезонски грип, а од почетокот на сезоната, односно од октомври минатата година, заклучно со 23 февруари 2020, 77 лица починале од грип, покажува неделниот извештај на грчката Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Од починатите 77 лица, 44 се мажи, 33 жени на возраст од четири до 91 година, а 72 односно 93,5 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

За една недела седум лица биле примени во болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на октомври 2019, се зголеми на 206 лица. (МИА)

Коронавирус