вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 122
home Регион

Од понеделник нема да работат продавниците на север во Косово

Од понеделник нема да работат продавниците на север во Косово

Претседателот на Здружениото на малостопанственици на север во Косово, Радош Петровиќ изјави дека од понеделник, 1 јули, прехранбените продавници, дуќани и киосци, па дури и пекарите нема да работат на север во Косово.

Во изјава за Политика тој рече дека тоа е одлучено на состанок на приватници поради наметнатите царини за производи од Србија воведени од приштинските институции во ноември минатата година.

Според него, царините од 100 отсто на производи од Србија ги довеле жителите на север во Косово на раб на хуманитарна катастрофа.

Во аптеките веќе 10 денови не стигнуваат пратки со лекови, објави весникот. Не е познато до кога ќе бидат затворени објектите за малопродажба на север во Косово. (МИА)

Коронавирус