вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Регион

Од минута во минута расте бројот на загинати во земјотресите во Албанија, ова е новата бројка

Од минута во минута расте бројот на загинати во земјотресите во Албанија, ова е новата бројка

Се приведува кон крајот операцијата за потрага по преживеани и за извлекување на телата на загинатите во земјотресот што ја погоди Албанија, а до сега, како што објави премиерот Рама, бројот на загинати е 49.

Спасувачките екипи се концентрирани во потрага по настрадани под урнатините на еден хотел на крајбрежјето на приморскиот град Драч.

Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, рече дека вкупниот број на повредени е искачен на 2.000 лица.

Во земјотресот со јачина од 6,4 степени по Рихтер, што на почетокот на неделава ја погоди Албанија, најголеми штети претрпеа подрачјата на Драч, Тирана и местото Тумане.

 

Коронавирус