сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 0
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Регион

Од Ковид -19 почина познат албански хематолог, професор Пуши

Од Ковид -19 почина познат албански хематолог, професор Пуши

Во Инфективната клиника во Тирана попладнево од Ковид-19 почина професор доктор Арјан Пуши, познат хематолог, со бројни научни трудови.

По заболувањто од опасниот вирус бил хоспитализиран во Клиниката, а последните денови видно му се влошила состојбата и бил интубиран.

Министерството за здравство и социјална заштита изрази длабоко сочувство до семејството на Пуши, кој е прва жртва меѓу албанските бели мантили од коронавирус.

Преку Фејсбук реагираше и претседателот Илир Мета, кој напиша дека смртта на Пуши е огромна загуба и побара од Владата поголема грижа за здравствените работници.

Професорот е 70. жртва од почетокот на пандемијата во Албанија. (МИА)

Парламентарни избори 2020