четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 59
home Регион

Од Ковид-19 почина албанскиот медиумски магнат Касем Хисенбелиу

Од Ковид-19 почина албанскиот медиумски магнат Касем Хисенбелиу

Како последица од Ковид-19 во болница во Турција, каде беше на лекување, почина 59-годишниот Касем Хисенбелиу, сопственик на повеќе медумски куќи, меѓу кои и „Факс Њуз“, и познат албански бизнисмен.

– Успешниот бизнисмен и сопственик на повеќе медиуми, Касем Хисенбелиу почина утрово во Турција, каде беше хоспитализиран неколку недели, како резултат на компликациите добиени од коронавирусот. И покрај големите напори на лекарите и молитвите на неговото семејство и пријателите, тој не можеше да го победи вирусот, објавија албанските медуми.

Хисенбелиу ја основаше и управуваше со телевизијата „Факс Њуз“ од октомври 2017 година, а долги години со посветеност и успех ги предводи и медиумите, како на пример весниците „Панорама“ и „Газета шќиптаре“, телевизијата Њуз 24, агенцијата Балкан веб и Радио Албанија.

Тој беше оженет и татко на две деца.

Во Албанија и понатаму се регистрираат високи бројки на новозразени и починати од Ковид-19. Во изминатите 24 часа вирусот беше дијагностициран кај 801 или 35,3 отсто од тестираните, додека почнаа 18 лица.

Во Тирана в понеделник ќе почне примената на брзите тестови, а потоа и во други делови од земјата. Засега се набавени 100.000, а набрзо ќе бидат обезбедени уште 300.000 брзи тестови. (МИА)

Коронавирус