вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 89
home Регион

Од корона вирус во Босна и Херцеговина заразени уште 1.293, починаа 46 пациенти

Од корона вирус во Босна и Херцеговина заразени уште 1.293, починаа 46 пациенти

Во изминатите 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани се 3.518 примероци, а заразени се 1.293 лица. Од Ковид-19 починаа 46 лица.

Во Федерацијата тестирани се 2.338 примероци, од кои 896 биле позитивни на корона вирус. Досега тестирани се вкупно 281.787 примероци, а корона вирусот е потврден кај 57.804 лица.

До денеска оздравеа 38.535 пациенти, а активни се 17.669 случаи.

Пријавени се и нови 23 смртни случаи, со кои вкупниот број жртви изнесува 1.600.

Во Република Српска тестирани се 1.058 примероци, а позитивни биле 349 лица.

Пријавени се 21 починат пациенти. или вкупно досега 1.089.

Досега во РС од Ковид-19 заболеле 30.636 луѓе, а оздравеа 15.563. Тестирани се вкупно 134.424 лица.

Во Брчко тестирани се 122, а потврдени 48 случаи. Починаа уште двајца пациенти.

Коронавирус