петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 64
Во живо

Изјава на Христијан Мицкоски во Штип

home Регион

Од Грција за Германија заминаа 139 бегалци

Од Грција за Германија заминаа 139 бегалци

Група од 139 баратели на азил, меѓу кои деца со сериозни здравствени проблеми и нивните семејства, како и деца бегалци без придружба кои досега беа сместени во камповите во Грција, денеска, од атинскиот аеродром заминаа за Германија, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос, рече дека станува збор за првата мешана група што заминува за Германија по пожарот во бегалскиот камп Мориа на Лезбос.

-Од една страна се децата без придружба, во рамките на европската програма за релокација, а од друга страна болните деца, со сериозни здравствени проблеми заедно со членови на нивните семејства, кои заминуваат во рамките на билатералната грчко – германска соработка, рече Кумуцакос, објаснувајќи дека сите бегалци кои денеска заминаа биле тестирани за Ковид-19, а резултатите биле негативни. (MИА)

Коронавирус