петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 136
home Регион

Од денеска во соседството карантин кој ќе трае до крајот на месецот- излегувањето од дома ќе биде строго забрането!

Од денеска во соседството карантин кој ќе трае до крајот на месецот- излегувањето од дома ќе биде строго забрането!

Од задутре, четврток до 28 февруари ќе има зголемени рестриктивни мерки во Атика. Ова значи дека се затвора секаков вид малопродажба, а сите нивоа на образование ќе работат на далечина, соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, во видео пораката што вечерва ја упати до граѓаните, јави дописничката на МИА од Атина.

Мерките за областа Атика, поширокиот регион на Атина, се воведуваат по препораката на Комисијата на епидемиолози, која денеска одржа вонреден состанок, а Мицотакис рече дека одбрал тој лично да ги соопшти и објасни одлуките.

Надлежните министри утре детално ќе ги објаснат новите мерки.

Во Грција денеска беа регистрирани 1.526 нови случаи на Ковид-19, од кои 750 се во Атика, а починаа 20 лица.

ЕУРО 2020

Македонија