четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 82
home Регион

Од 27 ноември ќе биде затворено речиси се во Бугарија

Од 27 ноември ќе биде затворено речиси се во Бугарија

Бугарија има намера да затвори училишта, ресторани и продавници и да ги забрани сите спортски настани, приватни забави и екскурзии за да се спречи ширењето на вирусот. Тоа го изјави денеска министерот за здравство на Бугарија, Костадин Ангелов.

За тие мерки ќе се разговара в среда на седница на владата со цел да се спречи целосен колапс на здравствениот систем на државата. Од почетокот на пандемијата во таа држава има 121.820 случаи на заразени со Ковид-19 во држава од седум милиони.

– Колку и да сте подготвени, нема таков здравствен систем што може да издржи таков притисок. Не можеме да со дозволиме да ни умираат млади, стари луѓе, учители, лекари – изјави тој.

Во изминатите 14 денови во Бугарија починаа 2.880 луше од последици од коронавирус. Според планот, од 27 ноември во Бугарија училиштата и факултетите ќе преминат на онлајн настава.

Коронавирус