среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Регион

Од 1-ви јуни се отвораат основните училишта и градинките во Грција

Од 1-ви јуни се отвораат основните училишта и градинките во Грција

По едногласната позитивна препорака на Комисијата на епидемиолози, за справување со вонредни состојби во јавното здравје, следниот понеделник, на 1 јуни 2020 година ќе се отворат основните училишта и градинките во Грција, соопшти вечерва портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, јави дописничката на МИА од Атина.

За време на утрешниот редовен брифинг со новинарите, министрите за образование и за  внатрешни работи ќе ги објаснат деталите за начинот на кој ќе работат основните училишта и градинките.

Пред две седмици во училишните клупи се вратија матурантите, а минатиот понеделник започна наставата за сите средношколци.

Парламентарни избори 2020