вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 111
home Регион

Од 1 јануари минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 450 евра

Од 1 јануари минималната плата во Црна Гора ќе изнесува 450 евра

Пратениците во Собранието на Црна Гора денеска усвоија сет закони со кои се овозможува зголемување на минималната плата од 250 на 450 евра од 1 јануари 2022 година.

Се укинуваат придонесите за здравство, се воведува неодданочен дел на бруто платите до 700 евра, како и зголемување на даночната стапка на платите над 1.000 евра од девет на 15 отсто, јави Бета. За законите гласаше и дел од опозицијата, тие беа донесени со 50 гласа, иако власта има вкупно 41 пратеник. Промените на збирот закони се дел од програмата наречена „Европа сега”.

Одговарајќи на критиките дека немаат пари за овој план, министерот за финансии Милојко Спајиќ одговори дека смета на околу 400 милиони колку што има државни депозити

Коронавирус