сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 56
home Регион

Очув како од хорор филм: До смрт претепал 2-годишно девојче, па лажел дека паднало од тераса

Очув како од хорор филм: До смрт претепал 2-годишно девојче, па лажел дека паднало од тераса

24-годишниот З.А., очув на 3-годишната Л.Ф. која загина во Прахово, наводно ѝ признал на полицијата дека го претепал девојчето.

Очувот и мајката го донеле несреќното девојче во неготинската болница и раскажале дека паднало од тераса.

-Таа е донесена мртва, а родителите рекле дека паднала од незаградена тераса во околу 4 часот утрината, пишуваат српските медиуми.

Меѓутоа, на мајката и очувот им е одреден притвор до 48 часа поради неразјаснети околности под кои настрадала.

З.А. се скршил на сослушувањето во полиција и признал дека го претепал девојчето, па потоа исценирал пад од тераса.