недела, 21. јули 2019. Вести денес: 35
home Регион

Очевидец за трагедијата: Мајката го фрли детето на бетон, а по неколку минути скокна и таа

Очевидец за трагедијата: Мајката го фрли детето на бетон, а по неколку минути скокна и таа

„Слушнав силен удар, па излегов на тераса.Тогаш го видов детето на плочникот и неговата мајка како стои на балконот и нешто вика.Тогаш таа се врати во станот, па повторно излезе и пак викаше.Неколку минути подоцна скокна и таа“вели очевидец на хоророт кој утринава се случил во српската населба Бежанска коса.

Ова го раскажа очевидец кој бил сведок кога мајката го фрлила 3- годишното дете на бетон од 12 метра висина, па скокнала и таа а од нивниот стан излегувал чад.

Првичната пријава која стасала до полицијата е дека избил пожар на четвртиот спрат од зградата и дека мајка и дете скокнале во обид да се спасат.

Меѓутоа штом стигнале на лице место виделе дека огнот не е толку силен и не биле пиморани да скокнат туку дека се случило нешто друго, па еднинствено можеле да констатираат смрт.

Неофицијално, мајката најпрвин ги пресекла вените на девојчето,па ја фрлила од балкон и потоа скокнала и таа.