петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 26
home Регион

Објави загрижувачки статус за пожарот во Грција, а потоа изгоре до смрт (ВИДЕО)

Објави загрижувачки статус за пожарот во Грција, а потоа изгоре до смрт (ВИДЕО)

Готвачот Панајотис Кокинидис е една од жртвите на стравичните пожари кои ја погодија Грција, а неколку часови пред смртта се простил преку објава на Фејсбук.

Тој настрадал во местото Мати Атика, пренесува порталот „Катимерини“.

„Ако не се случи некое чудо, многу луѓе ќе изгорат“ – напишал Кокинидис.

Како што се наведува, неговата смрт предизвикала голема тага кај неговите соработници, кои и понатаму се во шок бидејќи Панајотис на некој начин го предвидел и крајот на својот живот.

Кокинидис на Фејсбук објавил и снимка од катастрофалниот пожар кои се приближувал до населбата во која живеел.

Коронавирус