вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 13
home Регион

Објавени имињата на 46 лица коишто загинаа во земјотресот во Албанија

Објавени имињата на 46 лица коишто загинаа во земјотресот во Албанија

Албанското министерство за одбрана ги објави на својата веб-страница имињата на 46 лица загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Албанија во вторникот наутро.

Во соопштението се вели дека списокот е потврден од албанската полиција.

Медиумите објавија дека престана потрагата по евентуално затрупани лица во населбата Туман, која беше најпогодена од земјотресот со јачина од 6,4 степени.

Потрагата продолжува во Драч, каде 33-годишно лице беше извлечено живо од под урнатините на еден хотел, додека трае потрагата по уште едно лице кое се наоѓа исто така под урнатините на хотелот.

Состојбата на лицата кои што останаа без своите домови е влошена поради обилните дождови коишто ја зафатија Албанија.