вторник, 23. јули 2019. Вести денес: 0
home Регион

Објавен составот на новата грчка влада: Ова се новите министри

Објавен составот на новата грчка влада: Ова се новите министри

Портпаролот на грчката влада, од Генералниот секретаријат за медиуми го соопшти составот на владата на Кирјакос Мицотакис, ги објави имињата на министрите, замениците и алтернативните министри, а шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Министерството за надворешни работи ќе бидат Дендиас, Варвициотис Франкојанис и Диаматарис . Шеф на грчката дипломатија е Никос Дендиас, алтернативен министер за надворешни работи надлежен за европски прашања е Милтиадис Варвициотис, заменик министер за надворешни работи одговорен за економска дипломатија е Костас Франкојанис, а заменик МНР за дијаспората, Андонис Диаматарис

Заменик претседател на владата е Панајотис Пикраменос, кој е поранешен претседател на Врховниот суд на Грција и поранешен службен грчки премиер, а владин портпарол Стелиос Пецас кој беше директор на кабинетот на Мицотакис во Нова демократија.

Членовите на новата грчка влада утре во 12 часот ќе положат свечена заклетва, потоа во министерствата ќе има примопредавање на функциите, а в среда ќе се одржи првата владина седница.

За претседател на Парламентот што почнува со работа на 17 јули, владата го предлага Константинос Тасулас. (МИА)