понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 118
home Регион

Обиди за измама во Грција: Лица се претставувале како надлежни за информирање за коронавирусот

Обиди за измама во Грција: Лица се претставувале како надлежни за информирање за коронавирусот

Лица, кои се претставуваат како службеници од Националната организација за јавно здравје на Грција или од Министерство за здравство и тврдат дека информираат за коронавирусот, според пријавите стигнати до грчката полиција, се обидуваат да измамат граѓани, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштуваат дека, по добиените пријави, има случаи кога лица посетуваат домови и тврдат дека се задолжени за информирање за коронавирусот или делат конкретни летоци со информации.

-Согласно информациите од Министерството за здравство, не постојат претставници на службите на министерството или на здравствената организација кои ги посетуваат домови за таков вид на информирање. Очигледно е дека станува збор за обид за измама и во случај да се препознае таков случај, се молат граѓаните се бара веднаш да ја известат полицијата, соопштуваат од грчката полиција.

Според медиумите во Грција, веќе имало неколку случаи кога измамниците тврделе дека се задолжени за информирање или пак за дезинфекција на становите, само за да влезат во становите, а најчесто на мета биле постари лица.

Коронавирус