вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Регион

Обид за киднапирање на поранешен фудбалер на Црвена Ѕвезда – по кратка борба успеал да им избега на киднаперите

Обид за киднапирање на поранешен фудбалер на Црвена Ѕвезда – по кратка борба успеал да им избега на киднаперите

Белградската полиција уапси две момчиња во Калуѓерица поради сомнение дека синоќа во околу 3 часот во Нов Белград се обиделе да го киднапираат фудбалерот Алекса Терзиќ.

Како што навеле белградските медиуми, прво во сообраќајот дошло до кавга, а потоа и до сообраќајна несреќа, кога ауди удрило во БМВ-то на фудбалерот, во кој тој бил сам.

Кога момчето излегло од автомобилот, се обиделе да го стават во багажник, меѓутоа, успеало да ги совлада и да им избега.

Двете момчиња после тоа го земале неговиот автомобил и избегале кон населбата Калуѓерица, каде подоцна биле и уапсени, откако Алекса го пријавил случајот во полиција.

Станува збор за поранешен играч на Црвена Ѕвезда и сегашен член на Фиорентина, Алекса Терзиќ кој престојувал во родната земја поради обврски во младата репзентација на Србија.

Терзиќ е активен и на друштвените мрежи каде рредовно објавува фотографии, а посебно внимание привлекуваат оние со неговата девојка која изгледа одлично.

Терзиќ веќе некое време е во врска со Елена Гвоиќ.

Коронавирус