петок, 7. мај 2021. Вести денес: 77
home Регион

„Новости“: Ако Собранието во Приштина ја усвои платформата, Белград повеќе нема да седи на маса

- Белград не сака да влезе подлабоко во стапицата, во која, под превезот на дијалог, се крие столот во ОН за лажна држава, со премолчен благослов на „неутралните“ посредници од Брисел, кои со  ниту еден гест не ги осудија опасните намери на кабинетот на Харадинај, вели неименуван извор за „Новости“.
„Новости“: Ако Собранието во Приштина ја усвои платформата, Белград повеќе нема да седи на маса

Ако Собранието во Приштина ја усвои платформата на власта, во која се предвидува разговорите со Белград да завршат со меѓусебно признавање и се спомнува столот во ОН, нашата страна  тоа ќе го третира како еднострано прекинување на дијалогот и „повеќе нема да седи на маса”, пишува „Новости“, повикувајќи се на свои извори.

– Белград не сака да влезе подлабоко во стапицата, во која, под превезот на дијалог, се крие столот во ОН за лажна држава, со премолчен благослов на „неутралните“ посредници од Брисел, кои со  ниту еден гест не ги осудија опасните намери на кабинетот на Харадинај, вели неименуван извор за „Новости“.

Косовската влада вчера ја усвои Платформата за финализирање на политичкиот дијалог со Белград, со која косовскиот претседател Хашим Тачи се овластува да води дијалог за постигнување на правно обврзувачки договор.

Косовски портали информираат дека владата ја проследила платформата до Парламентот на усвојување.

Платформата предвидува дека законски обврзувачкиот договор, ќе и овозможи на Приштина да стане членка на ОН и на други меѓународни организации во кои не е зачленета. (МИА)

Коронавирус