сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 33
home Регион

Новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ се врати во политиката по речиси четиригодишен прекин

Новиот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ се врати во политиката по речиси четиригодишен прекин

Зоран Милановиќ (54), е новиот претседател на Хрватска и поранешен премиер, кој се врати во политиката по речиси четиригодишен прекин за време на кој работеше во консултантска фирма што ја основа откако тогашната Национална коалиција, која ја предводеше, беше поразена на изборите во 2016 година.

Кариерата на Милановиќ на политичката сцена започна во април 2007 година, по смртта на лидерот на Социјалдемократската партија Ивица Рачан, кога беше избран за негов наследник на партиските избори. На чело на СДП беше и пратеник во Саборот беше и додека партијата беше во опозиција. Во 2011 година, Милановиќ стана премиер и неговиот мандат го означи влегувањето на Хрватска во Европската унија, но и продолжување на економската криза, како и осиромашување на најшироките делови на населението.

По изборите во 2015 година, неговата коалиција остана без апсолутно мнозинство, а по неуспешните обиди за формирање влада со тогаш новоформираната Мост, тој поднесе оставка како претседател на партијата и се откажа од Парламентот.

Потоа ја основаше консултантската фирма ЕуроАлба адвајзори, и на почетокот откри дека го советува албанскиот премиер Еди Рама, но не и за кого уште работел.

За време на тие четири години пауза, Милановиќ беше скоро целосно исклучен од јавноста. Неговиот политички профил е можеби најдобро опишан во книгата: „Милановиќ: младиот човек кој ветува“ од новинарката Марина Карловиќ – Саболиќ, каде, меѓу другото, пишува дека секогаш ги имал сите предиспозиции за да биде голем политичар, но дека неговиот карактер го ограничил во тоа и го турка назад …

За време на неговиот тригодишен мандат, Милановиќ помина од „трње до sвезди“, при што добиваше овации и разочарувања.

И додека тој беше во опозиција, тврдеше дека тогашната премиерка Јадранка Косор ја посрамотила Хрватска и го нарече криминалец сегашниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ.

Многумина во Хрватска го сметаат Милановиќ повеќе за политичар на конфликт отколку за дијалог, тој сака, велат тие, да биде во клинч, да трпи ниски удари и „да удира силно и без милост“. Милановиќ е правик по образование, оженет и има две деца.

Коронавирус