четврток, 23. март 2023. Вести денес: 149
home Регион

Новинарка се вакцинираше во живо во вестите

Новинарка се вакцинираше во живо во вестите

Албанската новинарка Герта Попа се вакцинираше во живо во вестите.

Во студиото беше и Силва Бино, една од најпознатите албански епидемиолози и член на Комитетот на експерти за справување со пандемијата кажа дека вакцината е безбедна и оти е можно да се појават лесни нуспојави кои брзо минуваат.

Вчера почна вакцинацијата на новинарите и другите медиумски работници. Вакцинацијата се одвива врз основа на списоците доставени од редакциите, а продолжува секој ден по 15 часот. Во Албанија од коронавирусот починаа седум новинари. Премиерот Еди Рама објави на Фејсбук дека уште 23.000 дози вакцина Фајзер ќе пристигнат во земјата овој месец. До јуни ќе бидат вакцинирани и туристичките работници. Во регионот, Србија е лидер по бројот на вакцинирани.

loading...