среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Регион

Нови жртви во Грција- тeла извлечени од морето

Нови жртви во Грција- тeла извлечени од морето

Грчката пристанишна полиција во морето пронашла уште две тела, со што бројот на жртви од пожарите во Грција се искачи на 93.

Се трага по други лица. Повеќето од жртвите настрадале во пожарот кој се случи во близина на Атина и се верува дека е подметнат, додека дел од луѓето се удавиле бегајќи во морето.

Во саботата пожарникарските служби информираа за 25 исчезнати, повеќето од нив би можеле да бидат меѓу 28 жртви чии тела сė уште не се идентификувани.

Властите информираа дека се уништени 1 046 куќи во областа на која се изградени 3 676 објекти.

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вчера ја посети погодената област и ја презеде одговорноста за катастрофата.

Но, опозицијата и медиумите ги критикуваа недостатоците во координацијата меѓу службите кога се случија пожарите.