среда, 14. април 2021. Вести денес: 25
home Регион

Нови шокантни сознанија за Беливук

Нови шокантни сознанија за Беливук

Според досегашната истрага, српските медиуми пишуваат дека се’ поизвесно е дека Вељко Беливук и неговата криминална банда ги снимале сите ѕверски убиства кои им се припишуваат.

Тортура, отсечени глави, топење на тела во киселина и други слични монструозни дела досега можеа да се видат само на страшните пропагандни видеа на терористите кои делуваат далеку од овие простори, пишуваат српските медиуми.

„Овој метод најчесто го користат и мексиканските картели кога сакаат да испратат порака дека сите што не мислат како нив, не само што ќе бидат убиени, туку и брутално измачувани и понижени“, вели поранешниот висок функционер и приватен детектив Божидар Спасиќ.

Многумина тврдат дека зад монструозните дела во кланот стои Марко Миљковиќ Маре, човекот кој наводно бил десна рака на извиканиот Веља Невоља. Извори блиски на истрагата откриваат дека без трошка хуманост озогласениот Маре им ги вадел очите и им ги сечел главите, а Невоља ги одобрувал овие злосторства и свесно учествувал во нив.

Медиумите во Србија подоцна објавија и фотографии од викендица во селото Тршиќ кој се наоѓа на шест километри од Лозница, а која наводно била една од базите каде брутално биле измачувани жртвите.

Имотот е во сопственост на Владо Георгијев, поранешен полицаец во интервентаната единица во Белград, кој викендицата ја купил откако добил отказ на работното место.

Коронавирус