понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 9
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Нови шест жртви од коронавирусот во Грција- вкупно починати 38 лица

Нови шест жртви од коронавирусот во Грција- вкупно починати 38 лица

Бројот на жртви од коронавирусот во Грција денеска се зголеми на 38, откако во изминатите 24 часа починаа уште шест лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопшти претставникот за Ковид-19 од Министерството за здравство на Грција, професорот епидемиолог Сотирис Циодрас на редовната секојдневна прес – конференција, во земјата регистрирани се 95 нови позитивни случаи, односно вкупно 1.156 лица се заразени со коронавирусот, a повеќето од нив се во Атика, поширокиот регион на Атина.

Во грчките болници, приклучени на апарати се лекуваат 69, а во земјата, до сега, анализирани се 15.151 примероци.

Коронавирус