сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 112
home Регион

Нови шест случаи на Ковид-19 во Грција, починаа уште две лица

Нови шест случаи на Ковид-19 во Грција, починаа уште две лица

Во изминатото деноноќие во Грција се регистрирани само шест нови случаи на Ковид-19, а починаа уште две лица, соопшти попладнево претставникот на експертскиот тим во борбата против новиот коронавирус при Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас, јави дописничката на МИА од Атина.

Со новите регистрирани позитивни и смртни случаи, вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 2.632 лица, а на починати на 146 лица.

Во грчките болници, приклучени на респираторни машини се 35 лица, а 81 бил отпуштен од одделите за интензивна нега.

Досега, анализиран е 80.951 примерок, 1.619 повеќе од вчера.

ЕУРО 2020

Македонија