петок, 30. септември 2022. Вести денес: 177
home Регион

Нови рестриктивни мерки донесени денеска во Србија

Нови рестриктивни мерки донесени денеска во Србија

Рано утринава, Кризниот штаб на Србија денеска заседаваше по повод епидемиолошката ситуација во Србија и разгледување на рестриктивните мерки.

По седницата, членот на Кризниот штаб за борба против пандемијата од коронавирус, епидемиологот Предраг Кон изјави дека ситуацијата во Србија повеќе не е вонредна.

– Сè уште имаме голем број пациенти во болниците, но бројот на отпуштања е зголемен и болниците полека се празнат. Донесена е одлука училиштата, постарите одделенија од ученици од основните и средните училишта да започнат со работа на 19 април. Од друга страна, за поддршка на туризмот, цената на тестирањето за ПЦР е изедначена за нашите граѓани и странци. Донесена е одлука и во врска со белградскиот маратон за да може да започнат подготовките за натпреварувачкиот дел, а за останатите ќе видиме. Тоа зависи од ситуацијата. Нема промени за другите мерки , посочи тој, што значи дека кафулињата ќе продолжат да бидат затворени – освен нивните тераси.

За потсетување, трговските центри во Србија се отворија во понеделникот.

Коронавирус