сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Нови протести во градовите низ Србија

Нови протести во градовите низ Србија

Во градовите низ Србија четврти ден по ред се одржуваат протести. Граѓаните се собираат во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Лесковац, Пирот и Врање, незадоволни од актуелната политичка и епидемиолошка ситуација во земјата.

Пред Народното собрание во Белград се собрани неколку стотици луѓе, извикувајќи „Уааа“, „Косово е Србија“. Меѓу демонстрантите се наоѓаат и лидерот на Демократската партија Зоран Лутовац и претседателот на Народната партија, Вук Јеремиќ.

Граѓаните се незадоволни од работата на власта и начинот на кој се борат против пандемијата на коронавирусот.

Во Ниш собирот започна пред зградата на Градското собрание, а демонстрантите, кои се главно млади луѓе, го блокирале и автопатот.

Граѓаните на Чачак вечерва се собраа пред зградата на Градското собрание, барајќи оставка од локалното и републичкото раководство. Незадоволството го изразиле со свирежи и транспаренти на кои пишува „Не го даваме протестот“, „Напродот и полицијата моќна коалиција“, „Провокатори стоп“.

Група граѓани на Нови Сад, меѓу кои и потпретседателката на Партијата за слобода и правда Мариника Тепиќ тргнала да го блокира автопатот, но биле спречени од полициски кордон. Демонстрантите извикувале „Фрлете ги штитовите, ние сме ист народ“. Собирот почна мирно во 18 часот, а повеќето учесници носат заштитни маски.

Првите два дена од протестите ги обележаа употреба на сила, солзавци и водени топови, насилно влегување во Собранието, напади врз новинари, како и судири меѓу граѓани и група хулигани кои ги опструирале собирите. Граѓаните синоќа мирно протестираа седејќи на улиците и тротоарите, а мотото на протестот беше „Седи, не наседнувај!“.

Коронавирус