вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 0
home Регион

Нови мерки во Црна Гора: Ковид пропусници за мега и хипермаркети

Нови мерки во Црна Гора: Ковид пропусници за мега и хипермаркети

Црногорската влада донесе нови епидемиолошки мерки, кои ќе стапат на сила во сабота и ќе важат до 8 октомври, така што во иднина, Националниот дигитален Ковид сертификат ќе биде потребен не само за трговските центри и внатрешноста на рестораните, туку и за мега и хипермаркети.

Од 9 октомври, Националниот дигитален Ковид сертификат ќе биде неопходен за влез во објектите што продаваат прехранбени производи, а кои имаат површина од 1.000 и повеќе квадратни метри, според Вијести.

Националниот дигитален Ковид сертификат се издава веднаш по примањето на втората доза од вакцината и ќе важи од тој момент.

Сопствениците, корисниците и управителите на тие објекти се должни да ја контролираат и одредат одредена личност за почитување на тие мерки.

Бројот на присутни лица на свадби и други приватни прослави кои се организираат во угостителските објекти, со поседување на Националниот дигитален Ковид сертификат, се ограничува на 50 и во случај церемонијата да се оддржува на тераса или во градина и во внатрешноста на угостителските објекти.

Се дозволува изведување на жива музика во внатрешноста на угостителски објекти, со обврска сите вработени, музичари и гости да поседуваат Национален дигиталек Ковид сертификат.

Националиот дигитален Ковид сертификат е валиден само доколку тоа лице ги исполнува еден од пропишаните услови: да е потполно вакциниран, независно колку дена поминале од ревакцинацијата, лицето да поседува негативен ПЦР тест на Ковид-19 кој не е постар од 72 часа или позитивен ПЦР тест кој е постар од 14 а не постар од 180 дена, или да поседува негативен брз антигенски тест кој не е постар од 48 часа.

Локални избори 2021