вторник, 4. август 2020. Вести денес: 0
home Регион

Нови инциденти пред Собранието на Србија

Нови инциденти пред Собранието на Србија

Демонстрантите во Белград почнаа да фрлаат камења, факели, и шишиња кон влезот на Парламентот каде се распоредени полициски сили.

Полицијата во одбрана употреби солзавец како и во изминатите три дена додека траат протестите.

Жандармеријата се обидува да ги потисне демонстрантите кои ја нападнаа полицијата и да го заземе платото пред Парламентот. Во одговор, демонстрантите фрлаат кон нив и со бетонски делови од плочник.

На моменти беше мирно на протестите каде демонстрантите почнаа да се повлекуваат, но една група почна да фрла по плициските сили. Според белргадски медиуми, регистрирани се и најверојатно шок бомби од полицијата.

Илјадници луѓе се собраа во Белград и вечерва, четврти ден по ред пред српскиот Парламент на протести и покрај одлуката на Кризниот штаб да забрани собирање на повеќе од 10 лица, јавиа белградски  медиуми.

Протести има во Белград, Нови Сад, Ваљево, Ниш, Чачак, Зрењанин, Лесковац, Пирот и Врање, поради незадоволство од сегашната политичка и епидемиолошка состојба во државата. Неколку илјади луѓе се собраа пред Националното собрание во Белград. Група демонстранти ја пробија оградата пред Парламентот, но полицијата успеа да ги отстрани и да го опколи Собранието. (МИА)

Коронавирус