петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 149
home Регион

Нови детали за хоророт на плажа во Хрватска: Убиено 26- годишно момче, повредени туристи (ФОТО)

Нови детали за хоророт на плажа во Хрватска: Убиено 26- годишно момче, повредени туристи (ФОТО)

Според најновите информации на хрватските медиуми, пред ноќен клуб на популарната плажа Зрче изутринава биле нападнати повеќемина странски државјани, од кои еден е убиен.

Настрадал 26-годишен Британец, додека двајца се повредени,а еден од нив се наоѓа на интензивна нега поради сериозноста на повредата.

Во полиција се приведени повеќе лица.

Штабот задолжен за безбедносни мерки за време на туристичката сезона соопшти дека во тек е истрага за нападот кој се случил во 5:30 часот изутринава пред ноќен клуб.

Коронавирус