сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 61
home Регион

НОВИ ДЕТАЛИ: Ова се причините за несреќата во Хрватска

НОВИ ДЕТАЛИ: Ова се причините за несреќата во Хрватска

Најмалку 10 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Славонски Брод, а околу 30 лица биле пренесени во болница. Меѓу загинатите е и вториот возач, кој во тој момент не го возел автобусот, пренесува 24сата.

Според хрватските медиуми, возачите на автобусот одморале после Брегане половина час, а потоа се замениле. Се претпоставува дека несреќата е предизвикана од замор на возачот.

Началникот на сообраќајната полициска станица Славонски Брод, Фрањо Галиќ, даде изјави од местото на настанот.

– Во 6.22 часот добивме извештај за излетуање на автобус со косовски таблички. Засега истрагата е во тек, вели Галиќ.

Тој додаде дека сè е во почетната фаза.

– Повеќе од 30 повредени, ќе добиете дополнителни информации по истрагата. Не можам точно да ви потврдам колку луѓе починаа – додаде тој.

Според Галиќ, автобусот сообраќал на редовната линија Франкфурт-Приштина. Автобусот беше полн и во него имаше околу 60 луѓе.

– Не можам да кажам дали имало деца меѓу загинатите или повредени – додаде тој.

Галиќ рече дека на лице место се наоѓа влечна служба и брза помош, а над 30 лица се пренесени во болницата.

Тој додаде дека, за жал, бил на бројни истраги, и ова е една од најсериозните несреќи што ги видел во животот.

Коронавирус