петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 18
home Регион

НОВИ ДЕТАЛИ: Црногорскиот полицаец го убил албански државјанин, а не Косовец

НОВИ ДЕТАЛИ: Црногорскиот полицаец го убил албански државјанин, а не Косовец

Црногорскот полициски службеник Милутин Лековиќ, кој смртно беше застрелан во Игало, го затрелал албански, а не косовски државјанин, како што претходно беше објавено, наведува тиранската телевизија Ора њуз.

Настанот се случил вчера околу 14 часот, кога во службеникот пукало лице кое немало документи за идентификација, а кое заедно со уште двајцата уапсени изјавиле дека се од Косово.

-Тројца државјани на Албанија се уапсени околу 17:00 часот откако едниот од нив со огнено оржје го убил полицаецот Милутин Лековиќ и побегнале од местото на настанот. Во моментот кога полицијата го пронашла осомничениот, лицето кое се соменева дека пукало кон полицијата почнало да пука кон полициските службеници, по што тие му возвратиле, и го раниле во раката. Потоа полицијата го уапсила него, заедно со Лулзим Хасанај (49) и Нуре Хасанај (67) од Голема Малесија, во северна Албаниија, наведува телевизијата.

Албанската агенција Балкан веб, која, исто така, ја пренесува веста наведува дека станува збор за мајка и двајца нејзини синови.

Информациите потврдуваат дека Луан Хасанај е баран од албанските власти за „обид за убиство во соработка“.

Коронавирус