понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 135
home Регион

Нови цени на патарините од 1 декември

Нови цени на патарините од 1 декември

Патарините на источниот крак Коридор 10, од Ниш до бугарската граница, ќе почнат да се наплаќаат во недела, на 1 декември. Покрај тоа, ќе се укинат наплатните станици „Ниш“ и „Долјевац“ на истиот коридор, па сега возачите ќе можат да платат полна цена за патарини од Белград до Прешево (јужен корак Коридор 10), без притоа да застануваат пренесува Блиц.рс.

Источниот крак Коридор 10 свечено е отворен за сообраќај на 9 ноември, и од тогаш патувањето по него е бесплатно, но сега тоа се менува, а еве како ќе се пресметуваат патарините.

Од 1 декември ќе има седум нови наплатни рампи

Од недела, 1 декември, во седум часот ќе започнат со работа наплатните станици Пирот исток, Пирот запад, Бела Паланка, Ниш Малча, Ниш Север, Ниш југ и Мерошина. Тоа значи дека затворениот систем за наплата на патарини ќе функционира од Белград до Прешево (јужен крак Коридор 10), односно од Белград до Димитровград (Источен крак Коридор 10), јавуваат српските медиуми.

Цени на Патарините

Цените на патарините се одредуваат по поминат километар, кој за првата категорија на возила (автомобила и комбиња) до 3,5 тони изнесува 4,0728 динари (2,13 денари) по поминат километар, додека за мотоциклистите кои спаѓаат во првата А категорија, цената изнесува 2,0367 динари (1,06 денари) по километар.

 

Цените на патарините за делницата Белград-Димитровград ќе изнесуваат 1,290 динари (0,67 денари) за прва категорија на возила.

Цените на патарините за делницата Ниш-Димитровград ќе зависат од местото/наплатната станица на која возилото се вклучува на автопатот.

На патарините пак, за делницата Белград-Прешево, цените ќе изнесуваат 1,402 динари (0,73 денари) за прва категорија на возила.

За делницата Прешево-Димитровград цените на патарините ќе изнесуваат по 1,020 динари (0.53 денари) за поминат километар.

За сите останати категории на возила пресметките се прават на сличен начин, а цената на патарините по километар во Србија за останатите категории е следна:

Прва категорија (мотоцикли, моторни мотоцикли и четвороцикли): 2,0367 динари по километар (1,06 денари).

Втора категорија (автомобили со приколка, комбиња со приколка): 6,1091 динари по поминат километар (3,19 денари).

Трета категорија (помали камиони и помали автобуси до 3,5 тони): 12,2183 динари по поминат километар (6,38 денари).

Четврта категорија (шлепери и автобуси на спрат со додаток за багаж): 24,4366 динари по поминат километар (12,76 денари).

 

Коронавирус