вторник, 7. февруари 2023. Вести денес: 168
АКТУЕЛНО

Расте бројот на загинати во Турција и Сирија, спасувачите во трка со времето

home Регион

Нови 58 случаи на коронавирус во Хрватска

Нови 58 случаи на коронавирус во Хрватска

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 58 нови случаи на коронавирус, а бројот на активни случаи порасна на 633. Меѓу нив 111 се на болничко лекување, од кои седум се на респиратор.

Во последните 24 часа нема починати пациенти од ковид-19.

Како што јавија хрватските медиуми, повеќе од 2.300 луѓе се во самоизолација.

Од 25 февруари, кога е потврден првиот случај во Хрватска, досега се регистрирани 5.376 случаи, од кои 154 починале, а 4.589 оздравеле.

До денеска се тестирани 124.383 лица, од кои 1.167 во последните 24 часа.