сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 91
home Регион

Нови 32 случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 763 заразени

Нови 32 случаи со Ковид-19 во Косово, вкупно 763 заразени

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 32 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени од новиот вирус во Косово се искачи на 763, јави дописникот на МИА од Приштина.

Најголемиот број новозаразени, вкупно 23, се од општина Пеќ, четворица од Качаник, двајца од Дечане, и по еден од Призрен, Сува Река и Штимле.

Вчера во Косово е евидентиран и еден случај кој, согласно методите пропишани од Светската здравствена организација, по тестирањата два дена едноподруго резултира излекуван од заразната болест, со што бројката на лица кои ја пребродиле болеста се зголеми на 166.

Според синоќешното соопштение на ИШПК, вчера во неговата Лабораторија за молекуларна микробилогија се тестирани примероците на 297 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на новиот коронавирус. Вкупната бројка на тестирани од појавата на епидемијата, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 6.479.

Во неделата е забележана една нова жртва на Ковид-19, 44-годишен маж од Гњилане, кој, како што е објавено, бил примен во Инфективната клиника во Приштина на 16 април во тешка општа здравствена состоја предизвикана и од други болести. Вкупната бројка на починати од заразата во Косово сега изнесува 21.

Коронавирус