петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Регион

Нови 12 случаи со коронавирус во Косово- троцифрена бројка на заразени

Нови 12 случаи со коронавирус во Косово- троцифрена бројка на заразени

Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека, од извршените испитувања во текот на денот, 12 испитаници резултираа позитивни на Ковид-19, по што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 106, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според вечерашното соопштение на ИШПК, денеска во неговата лабораторија за молекуларна микрбиологија се испитани примероците на 69 лица за кои постоело сомневање дека е можно да се заразени од коронавирусите, по што за прв пат од појавата на вирусот бројката на заразени е троцифрена. Вкупната бројка на испитаници во земјата, од 8 февруари заклулно со денешниот ден, изнесува 1.106.

Сите 12 лица кај кои денеска е потврдено присуството на вирусот се заразени од контакти со лица кои претходно биле дијагностификувани со коронавирус.

Петмина од новозаразените се од Малишево, општина во која е регистриран најголемиот број на заразени, вкупно 38, тројца се жители на Косово Поле, двајца на Приштина и по еден од Митровица и Каменица.

Од 13 март, кога беа регистрирани првите две лица заразени од смртоносниот вирус, во Косово се евидентирани еден случај на излечен од заразата и еден починат.

Коронавирус