недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 35
home Регион

Нови 11.700 вакцини на Фајзер денеска пристигнаа во Србија

Нови 11.700 вакцини на Фајзер денеска пристигнаа во Србија
фото: танјуг

На Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак“ пристигнати се уште 11.700 дози од вакцината Фајзер, пренесуваат српските медиумите повикувајќи се на неофицијални информации.

Како што пишуваат, во следните две недели се очекува да започнат да пристигаат од 10.000 до 20.000 дози неделно од оваа вакцина, пренесува Танјуг.

Како што се додава, на 15-ви февруари се очекуваат нови 41.000 дози од вакцината на Фајзер.

-На состанок со лицата од тимот што се занимаваат со оваа тема, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и соопштил на премиерката Ана Брнабиќ и на соработниците да очекуваат во следните 24 часа позитивно изненадување во врска со набавка на вакцините, наведуваат медиумите.

Вакцините произведени од „Фајзер Бионтек“ први пристигнаа во Србија на крајот на минатата година, но, во меѓувреме, дистрибуцијата на овие вакцини беше запрена поради желбата фабриките да ги зголемат своите производствени капацитети.

Вакцините „Фајзер“ во моментов не се доставуваат со полн капацитет ни до земјите на ЕУ. (МИА)

Коронавирус