петок, 4. декември 2020. Вести денес: 53
home Регион

Нови 10 лица заразени од коронавирус во Србија: Брнабиќ најави заострување на мерките, можно одложување на изборите

Нови 10 лица заразени од коронавирус во Србија: Брнабиќ најави заострување на мерките, можно одложување на изборите

Во Србија денес се регистрирани 10 нови случаи или вкупно 65 лица се заразени со коронавирус. Вонредната состојба е на сила на територијата на цела Србија, границите се затворени, освен за српските држвјани, за кои е задолжителна самоизолација.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, премиерката Ана Брнабиќ, поради тоа што граѓаните не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата која се комплицира, не ја исклучи можноста вечерва во Србија да се воведат драстични, „најтешки“ мерки за да се спречи ширењето на пандемијата.

-Не ја исклучувам можноста вечерва сепак да се решиме за подрастични, најтешки мерки, особено за постарите лица, порача Брнабиќ.

Таа изјави дека попладнево ќе има средба со претседателот Александар Вучиќ, средба со политичките партии и од власта и од опозицијата, како и состанок на двата кризни штаба, по што ќе се обрати пред јавноста.

Таа рече дека ситуацијата во врска со коронарниот вирус во Србија се комплицира и дека се потврдени 65 лица заразени со вирусот.

Таа додаде дека 31 лица се наоѓаат во домашна изолација, додека останатите се хоспитализирани, од кои повеќето се стабилни додека четворица се на респиратор.

-Деновиве имаме случај дека над 50 проценти од луѓето се во самоизолација, а сега 48 проценти од луѓето се на домашно лекување, кажа Брнабиќ.

Учениците во Србија денес започнаа со предвања преку каналите на РТС, додека студенстките домови се испразнети. „Новиот модел на настава нема да влијае на одржувањето на малата матура, а приементите испити за факултетите, како и испитните рокови ќе бидат одложени, изјави министерот за образование, Младен Шарчевиќ.

Министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, денес разговараше по телефон со генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Адхан Гебрејесус, кој вети дека СЗО ќе одговори позитивно на барањата на Србија и ќе обезбеди неопходна помош во согласност со тековните расположиви ресурси, соопштија од српското МНР.

Синоќа Републичкатат изборна комисија ги стопира сите изборни активности во Србија. Ова значи дека по прекинување на вонредната состојба, ќе бидат утврдени нови рокови за спроведување на изборите, но и дека сè што е спроведено досега во изборниот процес ќе има правна сила.

Нови информации во која насока ќе оди изборниот тек, ќе бидат објавени денес попладне по состанокот на партиските претставници со претседателот Александар Вучиќ. Според српските закони, сè додека трае вонредната состојба, собранието е во постојана заседание и изборите, закажани на 26 април, во овој период не можат да се одржат.

Коронавирус