среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 7
home Регион

Нови 1.100 заразени во Словенија, од вчера на сила полициски час

Нови 1.100 заразени во Словенија, од вчера на сила полициски час

Синоќа во 21 часот, првпат во историјата на независна Словенија, стапи во сила полицискиот час, односно ограничувањето на движењето помеѓу 21 и 6 часот наутро, а властите ги повикуваат граѓаните да останат дома.

Од полноќ, дружењето е ограничено на најмногу шест лица, а постои и забрана за движење меѓу регионите.

Воведувањето полицискиот час во главниот град беше прилично мирно, по 21 часот улиците беа празни,додека во Марибор стотина демонстранти се собраа на главниот плоштад и извикуваа дека полицискиот час не е уставен.

Премиерот Јанез Јанша синоќа, како реакција на протестот, на Твитер објави дека Словенија веќе има над 1.100 новоинфицирани лица во последните 24 часа и ги повика луѓето да станат сериозни.

Утрово владиниот портпарол за коронавирус Јелко Кацин ги повика луѓето да останат во своите домови.

“Навистина, останете дома ако можете. Многумина од нас треба да одат на работа, особено денеска. Грижете се за себе и повикајте ги оние на кои им е потребна помош. Не се малку“, напиша тој.

Владата синоќа одлучи да се дозволат натпревари во колективните спортови, но само на највисоко ниво, додека за индивидуалните спортови се дозволени домашни и меѓународни спортски настани без гледачи.

Тренинзи сега се дозволени за спортисти од олимписка, светска, меѓународна и перспективна класа, како и професионални спортисти постари од 15 години, кои се запишани во регистарот на професионални спортисти во Министерството.

Владата исто така утврди дека дури и во црвените региони, фризерските и козметичките салони можат да прифатат еден клиент на 20 квадратни метри. Досега се сметаше дека во овие региони, фризерите и козметичарите можат да имаат само еден клиент во деловните простории.

Коронавирус