понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 136
home Регион

Нова трагедија во Црна Гора: Едно лице загина, повеќемина се повредени

Нова трагедија во Црна Гора: Едно лице загина, повеќемина се повредени

Во поморска несреќа што се случи во Заливот Бока Которска, во близина на Луштице, едно лице загина, а повеќемина се повредени.

-Несреќата се случи откако се судрија моторна јахта и едрилица, изјави директорот на Управата за поморска безбедност Сафет Кочан.

Тој додаде дека во тек е акција за спасување на повредените лица. Во спасувачката акција вклучен е и хеликоптер.

Тоа е втора несреќа на море за една недела.

Минатата недела во Улцињ загинаа мајка и син, државјани на Словенија. Несреќата се случи кога „банана“ закачена за скутер, на која се наоѓаа четири лица удри во брод кој превезуваше туристи. Ќерката и таткото не беа повредени во несреќата.

Коронавирус