сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Регион

Нова кинеска инвестиција од 1 милијарда долари во Србија: Кинески гигант за производство на гуми и пневматици ќе инвестира во Србија

Нова кинеска инвестиција од 1 милијарда долари во Србија: Кинески гигант за производство на гуми и пневматици ќе инвестира во Србија

Српскиот министер за финансии Синиша Мали потпиша денеска договор во Пекинг меѓу Владата на Србија и кинеската компанија Шандонг Линглонг за вложувања во Зрењанин, вреден речиси милијарда долари.

Во април идната година, како што е најавено, Зрењанин го очекува почеток на изградба на фабрика на познатиот кинески производител на автомобилски гуми Шангдонг Линглонг, а вредноста на инвестицијата е 994,4 милиони долари, јави Танјуг.

Претсеателот на Србија, Александар Вучиќ истакна дека тој договор многу ќе значи за српскиот град Зрењанин.

Кинеската компанија планира да отвори околу 1.200 работни места. Вучиќ оцени по состаноци со кинески компании и банки во Пекинг дека на Србија и се отвора можност со кинески вложувања, за две до три години да стане држава со највисок економски раст во Европа.

Коронавирус