петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 73
home Регион

Нова демократија бара Ципрас веднаш да го извести парламентот за прашањето за името

Нова демократија бара Ципрас веднаш да го извести парламентот за прашањето за името

За тајна дипломатија и дека ги држи граѓаните во мрак, ја обвинуваат грчката влада од опозициската партија Нова демократија и бараат Ципрас итно да го извести парламентот за последните случувања во разговорите за името, јави дописничката на МИА од Атина.

– Владата продолжува со тајната дипломатија за скопското прашање на штета на националните интереси. Граѓаните ги држи во мрак. Нова демократија повторува дека господинот Ципрас не поседува политички легитимитет да ја обврзе земјата. Премиерот треба итно да го извести парламентот, бидејќи целосно ја носи одговорноста за неговиот избор, вели портпаролката на Нова демократија, Мариа Спираки.

МИА