сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Регион

Нов земјотрес кај Крит

Нов земјотрес кај Крит

Умерен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран ноќеска во морето кај островите Крит и Касос.

-Засега нема информации за евентуална штета или повредени, јави грчката агенција АНА-МПА

Земјотресот бил регистриран малку пред полноќ, на длабочина од 27 километри.

Епицентарот на потресот е регистриран 75 километри источно од местото Агиос Николаос, односно на 377 километри југоисточно од Атина.

Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтер, исто така, во непосредна близина на Крит, беше регистриран и на 27-ми ноември. (МИА)

Коронавирус