недела, 9. август 2020. Вести денес: 78
home Регион

Нов земјотрес го погоди Драч

Нов земјотрес го погоди Драч

Земјотрес со интензитет од четири степени според Рихтерова скала го погоди синоќа албанскиот пристаништен град Драч, соопшти Националниот геофизички институт.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 36 километри под површина на земјата.

Во ноември минатата година Албанија ја погодија серија земјотреси во кои загинаа повеќе од 40 луѓе.

Коронавирус