петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 138
home Регион

Нов негативен рекорд во Грција – Прв пат над 300 заболени од коронавирус во еден ден

Нов негативен рекорд во Грција – Прв пат над 300 заболени од коронавирус во еден ден

Во Грција во изминатите 24 часа е регистриран највисок број нови дневни случаи, вкупно 372, првпат над 300 од почетокот на епидемијата, а починаа уште четири лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати, од 46 вчера, денеска се 49 лица.

Од новите случаи, над 100 се поврзани со познат кластер, односно со фабрика за обработка на храна во северна Грција.

Во однос на географската распределба на новозаболените, повторно, најголемиот дел се во Атика, поширокиот регион на Атина, поконкретно 133 случаи, 21 се по направените тестови на влезните точки во земјата, а останатите случаи се во над 20 различни делови на Грција.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 12.452 случаи на Ковид-19, а починаа 297 лица.

Локални избори 2021