понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 178
home Регион

Нов негативен рекорд на Кипар, регистрирани 477 новозаразени

Нов негативен рекорд на Кипар, регистрирани 477 новозаразени

Во изминатите 24-часа на Кипар е регистриран рекорден број на нови случаи на Ковид-19 од почетокот на епидемијата, вкупно 477 новозаразени, а починаа уште три лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Новите случаи се од 4.343 направени молекуларни тестови, а во бројот на новозаразени се вклучени и 175 повторени тестирања откако позитивен бил резултатот од направените брзи тестови, со што бројот на позитивни случаи во земјата се зголеми на 18.883 лица.

Според последните податоци од Министерството за здравство на Кипар, регистрирани се и три смртни случаи, вкупно 104 од почетокот на епидемијата.

Во кипарските болници хоспитализирани се 146 лица, од кои 34 се во сериозна состојба. (МИА)

Коронавирус