среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Регион

Нов инцидент во Албанија: Запалени 60 лежалки на плажа

Нов инцидент во Албанија: Запалени 60 лежалки на плажа

На плажа во албанскиот крајбрежен град Дримаде изгореа 60 лежалки, а полицијата се сомнева дека пожарот бил подметнат. Инцидентот се случил еден час по полноќ.

Според порталот ABC Albania, постои сомневање дека станува збор за конфликт меѓу сопствениците на барови на плажа околу користењето на крајбрежјето во оваа област.

Пред неколку дена имаше конфликт меѓу сопствениците на барови, а во тој конфликт беше употребено огнено оружје, при што четири лица беа убиени, а двајца се тешко повредени.

Коронавирус