четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 135
home Регион

„Њузвик“: Поранешни соработници на Трамп ангажирани како лобисти на Додик

„Њузвик“: Поранешни соработници на Трамп ангажирани како лобисти на Додик

Поранешните соработници на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп, Џејсон Осборн и Мајк Рубино се ангажирани како лобисти за политичка партија во БиХ, која фаворизира сепаратизам и соработува со Русија, тврди магазинот „Њузвик“ повикувајќи се на документи на владата на САД.

Озборн и Рубино, блиски пријатели и деловни партнери на поранешниот менаџер на кампањата на Трамп, Кори Левандовски, сега ја помагаат партијата на Милорад Додик, претседател на Република Српска, тврди тој магазин.

„Њузвик“ потсетува дека американското министерство за финансии го санкционира Додик минатата година за одржување референдум за прослава на Ден на РС.

Официјални лица во Вашингтон тогаш утврдиле дека референдумот ги попречува напорите за имплементација на Дејтонскиот договор од 1995 година, со кој беше ставен крај на војната во БиХ, бидејќи ги дискриминира оние кои не се Срби. (МИА)